26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДанците третпат по ред со светската ракометна круна

Данците третпат по ред со светската ракометна круна

Ракометната репрезентација на Данска ја одбрани светската круна откако ја совлада Франција во финалето во Стокхолм со 34:29. Селекцијата на Николај Јакобсен за првпат во историјата стигна до трет последовен триумф на мундијалите.

Во меч со неверојатно темпо, Данците покажаа голем квалитет, доминираа бековите Питлик и Лауге Шмит, кои беа незадржливи за француската одбрана.

„Триколорите“ успеаја да се вратат на крајот на првиот дел на еден гол негатива (16:15), иако Данска фуриозно почна и поведе со 6:2.

Сепак, во второто полувреме Лауге Шмит, но и Менсах ларсен со добра епизодна улога, ја надиграа Франција.

Третото место им припадна на Шпанците кои со 39:36 ја победија Шведска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП