21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИ„H&M“ оствари загуба во четвртиот квартал од 2022-ра

„H&M“ оствари загуба во четвртиот квартал од 2022-ра

Шведската модна компанија „H&M“ објави дека затворањето на нејзиниот бизнис во Русија и Белорусија има значително негативно влијание врз нејзините резултати, а зголемените трошоци за суровините и транспортот, како и силниот долар, ги поскапиле купувањата.

Нето добивката на компанијата за годината што заврши на 30-ти ноември падна за 68 отсто и забележа загуба во четвртиот квартал од 864 милиони шведски круни (84 милиони долари).

Иако 2022-ра година беше „турбулентна година“ според зборовите на извршната директорка Хелена Хелмерсон, компанијата објави севкупно зголемување на продажбата за цела година од 6%.

 „Откако ги оставивме најлошите негативни последици од пандемијата зад нас, војната избувна во Украина. Нашата одлука да го прекинеме нашиот бизнис во Русија, кој беше важен и профитабилен пазар, имаше негативно влијание врз нашите резултати“, рече Хелмерсон.

По руската офанзива во Украина, „H&M“ првично ги прекина сите продажби во Русија, а на 18-ти јули компанијата објави дека го прекинува својот бизнис во земјата.

„H&M“ рече дека резултатите биле под влијание на еднократните трошоци за прекин на операциите во Русија и програмата за трошоци и ефикасност.

Во ноември, модната компанија објави дека укинала околу 1.500 работни места ширум светот како дел од планот за намалување на трошоците и дополнително подобрување на ефикасноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП