7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТие создадоа огромни богатства, a ова се нивните правила

Тие создадоа огромни богатства, a ова се нивните правила

stiv11

Секој од нас има свои животни правила, навики и верувања. Но, што е тоа што низ животот и работата ги водело најбогатите и највлијателните светски бизнисмени?

Што говорат за пријателите, сомнежите, пазарите, парите или ризикот. Ви ги претставуваме деветте најинспиративни личности и нивните правила на живеење.

Стив Џобс, основачот на „Apple“ „Остани гладен. Остани луд“.

ЗА ЖИВОТОТ: Стив Џобс говореше дека времето е ограничено, дека треба да живееме со полни гради, а не да го живееме животот на некој друг. „Секогаш имајте на ум дека еден ден ќе умрете, така да немате што да изгубите. Нема причина да не го слушате своето срце“, говореше Џобс.

ЗА ПАРИТЕ:  Сето внимание кое им се придава на парите за Џобс било смешно, бидејќи како што велеше, тоа не е највредната работа која може да ви се случи.

ЗА КЛИЕНТИТЕ: Секогаш имајте на ум дека клиентите сакаат нешто ново, не можете да ги прашате што е тоа што го сакаат, туку едноставно откријте што е тоа и понудете им го.

jpmorgancho1

Ј.П.Морган, банкар и инвеститор „Секогаш постојат две причини за тоа што го работиме – добра причина и вистинска причина“

ЗА АМБИЦИИТЕ: Секогаш одете далеку до каде што можете да гледате, кога ќе стигнете до таму ќе можете да видите уште повеќе.

ЗА БОГАТСТВОТО: Не можете да наберете цреши доколку сте му го завртеле грбот на дрвото.

ЗА УСПЕХОТ: Првиот чекор кој ќе ве однесе до успехот е одлуката дека на местото на кое во моментов се наоѓате повеќе не сакате да бидете.

ЗА ПРОБЛЕМИТЕ: Секој проблем мора да се поедностави, со цел да се реши.

BUFFETT CREDIT

Ворен Бафет, инвеститор и директор на „Berkshire Hathaway“. „Правило број еден: Никогаш немојте да изгубите пари. Правило број два: Не заборавајте го правилото број еден.“

ЗА ЖИВОТОТ: Само неколку работи во животот треба да ги направите како што треба. Фокусирајте се на нив.

ЗА ПРИЈАТЕЛИТЕ: Секогаш за пријатели бирајте ги луѓето подобри од вас, со подобро однесување, со подобар интелект. Тие ќе ве одвлечат во вистинска насока.

ЗА СОМНЕЖИТЕ: Ворен Бафет вели дека никогаш не се сомневал во себе и во својот успех, ниту на секунда.

ЗА ПАЗАРОТ И ВЛОЖУВАЊАТА: Бафет никогаш не се обидел да заработи на берза. Секогаш да имате на ум дека пазарот на кој вложувате можеби утре ќе пропадне.

markcukerberg1

Марк Цукерберг, основач и сопственик на „Facebook“. „Во модерниот свет во кој промените се секојдневни, најголем ризик е да не ризикувате. Единствената стратегија која ви гарантира неуспех е недостатокот на ризик“.

ЗА РАБОТАТА: Прво занимавајте се со полесните работи, на тој начин ќе бидете подготвени да направите многу повеќе за натамошното напредување и тешките нешта кои доаѓаат.

ЗА ИНОВАЦИИТЕ: Слушајте го и следете го импулсот на работата, реагирајте брзо и поставувајте нови граници.

ЗА ПАРИТЕ: Не работете за да заработите многу пари, заработете пари за да имате голема работа.

ЗА ЖИВОТОТ: Дали е ова најважната работа која треба да ја направите? Тоа е прашањето кое секојдневно треба да си го поставувате.

opra121

Опра Винфри, глумица, водителка, и претприемач. „Вие сте она во кое верувате. Вашата улога во животот денес е креирана на основа на се во што досега сте верувале“.

ЗА ЖИВОТОТ: Таму каде што нема борба, нема ни живот. Бидете благодарни на се што имате. Ако се фокусирате на она што го немате, никогаш нема да имате доволно.

ЗА УСПЕХОТ: Успех е кога сте во состојба да направите важна промена, не само во својот живот, туку и во животот на другите.

ЗА ХРАБРОСТА: Направете барем една работа која ја сметате за невозможна. Ако не успеете обидете се повторно. Луѓето кои никогаш не се сопнале во животот, се оние кои никогаш не се ни обиделе да се искачат на врвот. Ова е вашиот момент!

ЗА ПРИЈАТЕЛСТВОТО: Многумина ќе сакаат да ви бидат пријатели кога ќе станете богати, тие ќе сакаат да го користат вашиот живот и вашите пари, а вие само ќе барате некој со кој ќе сакате да се прошетате и да разговарате.

del121

Мајкл Дел, основач и директор на компанијата „Dell“. „Обидете се да не бидете секогаш најпаметниот човек во просторијата, иако можеби сте. Опкружете се со луѓе попаметни од вас“.

ЗА ЦЕЛИТЕ: За успех не е потебно да бидете гениј, ниту да поседувате диплома од факултет, потребно е да имате сон и да го следите.

ЗА УСПЕХОТ: Не се плашете од неуспехот, бидејќи тој ве учи како не треба да работите и каде сте погрешиле. Често на патот до успехот ќе мора да работите и нешто што не ви се допаѓа, но тоа е составен дел од работата.

ЗА ОДЛУКИТЕ: Не дозволувајте да помине многу време пред да ја донесете најдобрата одлука.

dzef1

Џеф Безос, основач и директор на „Amazon“. „Ако размислувате за долгорочност, тогаш навистина ќе можете да донесете одлуки поради кои подоцна во животот нема да зажалите“.

ЗА ЖИВОТОТ: Одлуките кои ги донесувате ќе го креираат остатокот од вашиот живот. Нека приказната која ќе им ја раскажувате на вашите внуци биде вредна и исполнета со правилни одлуки и избори.

ЗА УСПЕХОТ: Каењето не е опција која доаѓа по неуспехот. Ќе се каете само за работите кои не сте се обиделе да ги направите.

ЗА ХРАБРОСТА: Доколку сте иновативни, често ќе бидете несватени. Разликувајте се, илезете од рамката. Успехот бара храброст и нешто ново.

modelt

Хенри Форд, основач на компанијата „Ford“. „Прв пат започнав да штедам во педесеттата година. Наместо тоа, вложував во себе, во образованието, во усовршувањето на своите вештини и знаење. Наместо да вложувате во банка, вложете во себе“.

ЗА СТАВОТ: Хенри Форд објаснува дека се е во ставот, не е важно дали можете да ја остварите својата цел или не, важен е вашиот став за тоа.

ЗА ПАРИТЕ: Парите не гарантираат независност. Безбедноста ќе ви грантира знаење, искуство кое ќе го поседувате и снаодливост.

ЗА НЕУСПЕХОТ: Неуспехот е една прилика да започнете од почеток, но на попаметен начин.

ЗА УСПЕХОТ: Хенри Форд наведува дека успехот е важна перспектива. Ако успеете да ги набљудувате работите од перспектива на своите клиенти и конкуренти, вие сте на половина пат до успехот.

bil2

Бил Гејтс, основачот на „Microsoft“. „Бидете добри со бубалиците, шансите дека еден ден ќе работите за нив се големи“.

ЗА СОНИШТАТА: Секогаш имајте соништа, не е важно дали сте дете или возрасен човек.

ЗА КЛИЕНТИТЕ: Од својот најнезадоволен купувач можете најмногу да научите.

ЗА РАБОТАТА: Стравот во бизнисот е најголем непријател. Ако сте уплашени, готови сте.

ЗА УСПЕХОТ: Успехот е строг и опасен учител. Тој ги наведува успешните бизнисмени да мислат дека не можат да изгубат.

ЗА ПРОБЛЕМИТЕ: Не е доволно на луѓето да им укажете дека постои проблем. Покажете им го решението за тој проблем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП