20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако Дачија го исмејуваше БМВ

Како Дачија го исмејуваше БМВ

Дачија реши да се пошегува за сервисот на BMW.

Како што е познато, BMW неодамна воведе услуга за плаќање на претплата за одредени функции во автомобилот. На пример, сопственикот плаќа месечна претплата за функцијата за греење на седиштата. Оваа форма на услуга е достапна во одредени земји, но се очекува да се прошири на многу пазари.

Во Дачија, поточно нејзината британска филијала, решиле да се потсмеваат на оваа практика, па сега на клиентите им даваат еден додаток бесплатно. Во првите два дена од февруари секој клиент на Дачија добива термофор кој нуди инстант услуга за греење, а во Дачија го нарекуваат „Heated Seat Saviour“.

„Да се ​​бара од некој да плати дополнително за да ја активира фабричката опрема, секако не е во согласност со политиката на Dacia. Ние веруваме во едноставноста, нудејќи им на нашите клиенти технологија која го прави возењето попрактично и поудобно со карактеристики вклучени во почетната цена на автомобилот“, рече Лук Брод, бренд директор во Велика Британија.

„Без разлика дали загреаните седишта им се важни или не, на клиентите им нудиме сопственост без мака, што значи дека е доволно да притиснете едно копче за да уживате во сите достапни опции“, нагласи тој. Исто така, вреди да се каже дека топ изведбите на моделите на Дачија нудат стандардно греење на седиштата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП