27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШефот на Бундесбанк: „Каматите сепак ќе мора да растат“

Шефот на Бундесбанк: „Каматите сепак ќе мора да растат“

Европската централна банка (ЕЦБ) ќе мора дополнително да ја олади инфлацијата со приспособување на основните каматни стапки, оценува шефот на Бундесбанк, Јоаким Нагел.

„Каматните стапки сепак ќе мора да растат“, изјави банкарот за онлајн изданието на магазинот „Шпигел“. ЕЦБ од јули четири пати ја зголеми основната каматна стапка, која сега изнесува 2,5 отсто.

„Веќе најавивме корекции за февруари и март и нема да ме чуди ако и потоа ги зголемиме каматните стапки“, изјави претседателот на Бундесбанк и член на УО на ЕЦБ.

ЕЦБ се обидува да ја задржи инфлацијата на два проценти годишно. Сепак, комбинацијата на кризи – особено зголемените цени на енергијата и храната поради војната во Украина – ја поттикна стапката на раст на малопродажната цена на рекордните 8,6 проценти во 2022 година.

Монетарните власти се обидуваат да ја потиснат инфлацијата со зголемување на каматните стапки, што пак ја зголемува цената на кредитите, го забавува економскиот раст и ја потиснува потрошувачката, а со тоа и цените.

Инфлацијата, додуша, донекаде забави во декември, но сепак е на годишно ниво од 8,6 отсто во Германија и 9,2 отсто во еврозоната.

„Мораме да бидеме внимателни и да не се прилагодуваме на силната инфлација. Не е изненадувачки што стапката беше нешто пониска во декември“, рече Нагел.

„И покрај олеснувањето, инфлацијата сè уште е превисока“, додаде тој.

Следниот состанок на бордот на ЕЦБ со каматните стапки на дневен ред ќе се одржи на 2 февруари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП