28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Chevron“ ќе инвестира 75 милијарди долари во откуп на акции

„Chevron“ ќе инвестира 75 милијарди долари во откуп на акции

Зголемената заработка и готовината го охрабруваат „Chevron“ да ги зголеми средствата во програмата за откуп на акции. Компанијата објави дека тројно го зголемува буџетот на 75 милијарди долари

Тоа е најамбициозниот план во нафтената индустрија досега. Претходниот „рекорд“ беше најавата на „Exxon“ дека до 2024-та година ќе ги откупи своите акции во вредност од 50 милијарди долари.

„Chevron“ од своја страна не прецизираше период во кој ќе ја спроведе операцијата, но најави и зголемување на дивидендата за акционерите за 6%.

Нафтените гиганти беа повикани од инвеститорите и од Белата куќа да ги искористат рекордните профити што ги акумулираа од високите цени на енергетските производи за инвестиции во нови полиња или да ја намалат цената на нивните производи, потсетува и агенцијата.

Според пресметките на „Refinitiv“, „Chevron“ ќе го удвои профитот за 2022-ра година на 37,2 милијарди долари. Компанијата минатата година инвестираше 17 милијарди долари во нови проекти за нафта и гас, што е за 2 милијарди долари повеќе од 2021-ва година.

Нафтениот гигант официјално ќе го претстави својот финансиски извештај за 2022-ра година во петок (27-ми јануари).

Според аналитичарите, заедно „Chevron“ и „Exxon“, двете најголеми американски нафтени компании, ќе имаат профит од приближно 100 милијарди долари во 2022-ра година. Многумина се запрашаа дали нема да бидеме сведоци на преземање од европски конкурент – „BP“, „Shell“ или „TotalEnergies“. Пазарната капитализација на американските гиганти е неколку пати поголема од онаа на европските – на пример, пазарната капитализација на „ВР“ е 108 милијарди долари, додека на „Chevron“ е 346 милијарди долари, а на „Exxon“ е 466 милијарди долари.

Иако е рекорд за индустријата, барањата за откуп на акции на „Chevron“ се далеку од плановите на технолошкиот гигант. Во септември, на пример, „Apple“ соопшти дека има буџет од 405 милијарди долари за откуп на акции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП