29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАвтомобилите „Made in France“ одат по ѓаволите

Автомобилите „Made in France“ одат по ѓаволите

Официјалните статистички податоци за продажбата на нови автомобили во Франција минатата година, цитирани од „challenges.fr“, покажуваат дека од десетте најпродавани патнички автомобили во Франција во 2022-ра година, во земјата се произведени само два модели.

Уште полошо: во првите шест најпопуларни возила во Франција, нема ниту едно со печатот „Made in France“. Сите тие доаѓаат од странски фабрики, иако нивните брендови се француски.

Иако француските производители на автомобили триумфираат, а со своите модели ги заземаат првите десет места на францускиот автомобилски пазар и првото место во Европа! Но, за жал, тоа не значи дека триумфира принтот „Мade in France“, туку напротив.

Од десетте најпродавани патнички автомобили во Франција, таму се произведуваат само два модели… „Peugeot 208“, шампионот на францускиот и европскиот пазар (88.812 регистрации, 5,8% раст во Франција), се произведува во Трнава во Словачка и во Кенитра во Мароко. Од Трнава се увезува и неговата електрична верзија, „е-208“.

Вториот најпопуларен автомобил во Франција, „Dacia Sandero“ (64.293, 4,2% раст), како што добро знаеме, е романски и, патем, се произведува покрај Романија и Мароко. Следниот „Renault Clio“ (64.012, раст од 4,2%) доаѓа од Словенија и Турција, а „Citroën C3“ (58.880, 3,9%) од Словачка.

Малиот „SUV“ на „Peugeot“, со индекс „2008“ (51.454, раст од 3,4%), кој е меѓу најпродаваните кросовери во Европа, е произведен во Шпанија, како и неговиот директен ривал „Renault Captur“ (45.577, раст од 3% во Франција).

Само кога станува збор за продажбата на нови автомобили во Франција во изминатата 2022-ра година, „Peugeot 308“ (41.656, 2,7% раст) и компактниот „3008“ (36.281, 2,4% раст) можат да се пофалат со печатот „Made in France“ . Првиот доаѓа од Мулхаус, а вториот од Сошо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП