25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈужна Америка добива свое „евро“?

Јужна Америка добива свое „евро“?

Бразил и Аргентина имаат намера да започнат со подготовките за воведување заедничка валута веќе оваа недела, објави весникот „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на владини извори во Буенос Аирес и Бразилија.

Подготовките треба да почнат на аргентинско-бразилскиот самит што оваа недела се одржува во Буенос Аирес.

Новоизбраниот бразилски претседател Луис Инасио Лула да Силва од неделата престојува во соседна Аргентина.

Валута за цел континент?

„Најпрво ќе разговараме за параметрите за заедничката валута, како што е споредбата на големините на двете економии, како и за улогата на централните банки“, изјави аргентинскиот министер за економија Серџо Маса за „Фајненшл тајмс“. Оваа недела Буенос Аирес треба да разговара за тоа како заедничката валута би ги зајакнала економиите на двете соседни земји, но и како да се намали зависноста од американскиот долар.

Идејата за заедничка валута не е нова. Таа тема се дискутираше уште во 2019 година, но бразилската централна банка беше против. Новата валута, која, според предлогот на Бразил, ќе се вика „сур“ (југ), треба да биде отворена за пристап на други јужноамерикански земји, со што би се создала нова единствена зона по примерот на Европската унија и еврото.

Аргентина моментално ја тресе силна инфлација, која во јануари достигна ниво од 95 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП