25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАвтомобилите кои ја менуваат бојата ќе станат сериски! (ВИДЕО)

Автомобилите кои ја менуваат бојата ќе станат сериски! (ВИДЕО)

На Саемот за потрошувачка електроника (CES) во Лас Вегас, германскиот производител „BMW“ го претстави „i Vision Concept Dee“, чија најимпресивна карактеристика е тоа што може да ја промени бојата на каросеријата во 32 различни нијанси.

Овој развој на баварците беше прикажан пред една година на прототип на „BMW iX“, а сега доби некои значајни промени.

Излегува дека новата технологија може да се користи и во реалниот живот. Така барем велат инженерите кои го создале. Најпрво беше дефинирана како „ниска корисност“ и како „опција што ќе биде достапна за нарачка“ од клиентите на „BMW“, но се чини дека баварската компанија нема да застане тука.

Проектниот менаџер Стела Кларк изјави за „Automiotive News“ дека вистинските придобивки од „E link“, како што се вели дека е технологијата за менување бои, може да помогне да се намалат штетните емисии и да се зголеми безбедноста на патиштата. Во првиот случај, всушност, целта е да се прилагоди надворешната боја на автомобилот на временските услови и температурите, да се намали употребата на клима уред во автомобилот. Инженерот го даде примерот на класичната темна боја во типичен летен ден со многу високи температури. Во овој случај, со промена на надворешната боја во посветла, можете да ја одржувате кабината поладна за да користите помалку клима и да трошите помалку енергија.

Што се однесува до безбедноста на патиштата, со оваа боја во не така далечна иднина би можеле да се опремат некои спасувачки возила, кои затоа наместо трепкачки светла, би можеле да станат целосно рефлектирачки во итни случаи за појасно да се забележат во услови на густ сообраќај.

Стела Кларк додаде дека „BMW“ продолжува да ја усовршува својата нова технологија, но не се обврза на одредена временска рамка за појавување на „E Ink“ на јавните патишта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП