29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрвата дама на американските финансии остра кон Светска банка: „Неопходни нови насоки...

Првата дама на американските финансии остра кон Светска банка: „Неопходни нови насоки за кредитирање, потребни се реформи“

Американската министерка за финансии Џенет Јелен најави дека САД сакаат побрза реформа на Светската банка, која ќе оди во насока на проширување на нејзиниот капацитет за кредитирање за решавање на климатските промени и другите глобални кризи, пренесува Ројтерс.

Патоказот за еволуција на Светска банка, објавен од Ројтерс претходно овој месец, бара банката да преговара со акционерите, пред нејзините состаноци во април, за предлози кои вклучуваат зголемување на капиталот и нови инструменти за кредитирање.

Таа го повика раководството на Светска банка да даде конкретни предлози за промена на нејзината мисија, оперативен модел и финансиски капацитет кои би можеле да бидат одобрени од заедничкиот комитет за развој на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд во октомври, наведува британската агенција.

Јелен најави дека патоказот на Светска банка е „конструктивен документ“ и претставува добра основа за дискусија, но дека е потребно да се направи повеќе од тоа.

Имаме одредени грижи. Би сакале да видиме одреден напредок во побрза временска рамка. И мислиме дека има некои работи што би можеле да се направат за да се прошири кредитирањето со оглед на моменталното ослободување на капиталот, изјави таа за Ројтерс додека патуваше од Сенегал во Замбија.

Јелен изјави дека работата на реформите, прво на Светската банка, а потоа и на другите мултилатерални развојни банки, е еден од нејзините најголеми приоритети оваа година.

САД, најголемиот акционер на банката, соработуваат со други земји за да ја поттикнат Светската банка да изготви план за реформи, за што расправаше одборот на директори на банката на 11 јануари, според Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП