15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ подготвена да понуди нови кредити

ЕЦБ подготвена да понуди нови кредити

ecb.

Европската централна банка (ЕЦБ) е подготвена на банките од еврозоната да им понуди нови кредити, доколку ситуацијата на пазарот за пари овозможи таков потег.

„ЕЦБ е подготвена да примени било каков инструмент, вклучувајќи ја и LTRO (програмата за долгорочни операции на рефинансирање), доколку биде потребно краткорочниот пазар на пари да го одржи на ниво кое е загарантирано со нашата проценка за инфлацијата на среден рок“, изјави претседателот на ЕЦБ Марио Драги пред Комитетот на Европскиот парламент за економски и монетарни прашања во Брисел.

ЕЦБ веќе уфрли повеќе од 1.000 милијарди евра во банкарскиот систем на еврозоната, со цел да се избегне потенцијална кредитна криза во 17 земји од еврозоната.

Меѓутоа, со оглед на тоа што финансиските пазари оттогаш се стабилизирани, банките во еврозоната веќе започнаа да враќаат поголем дел од кредитите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП