29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПристигнува „Mazda CX-90“, најамбициозниот автомобил на јапонската марка досега

Пристигнува „Mazda CX-90“, најамбициозниот автомобил на јапонската марка досега

Американскиот огранок на „Mazda“ најави целосно нов „SUV“ кој ќе се вика „CX-90“, за кој велат дека е нивниот најамбициозен автомобил досега.

„Mazda CX-90“ го претставува врвот на дизајнот и инженерството насочено кон човекот, тврди компанијата.

Тоа е резултат на амбицијата на „Mazda“ да го создаде своето најмоќно, исклучително дизајнирано возило.

На почетокот на октомври 2021-ва година, „Mazda“ објави доста интересна вест, најавувајќи комплетно нова гама на своите „SUV“ модели.

Тогаш беа најавени дури пет сосема нови модели „CX-60“, „CX-80“, „CX-70“, „CX-90“ и „CX-50“, чии лансирање се закажани за 2022-ра и 2023-та година.

Да потсетиме, „CX-50“ и „CX-60“ веќе ја видоа светлината на денот. И додека првиот не е наменет за европскиот пазар, вториот е дизајниран специјално за Стариот континент.

Ние Европејците, освен за „CX-60“, сме заинтересирани и за најавениот „CX-80“, додека преостанатите три модели со пошироки каросерии „CX-70“ и „CX-90“ и „CX-50“ се наменети за САД и некои други неевропски пазари.

Новите европски модели, „Mazda CX-60“ и „Mazda CX-80“, треба да влијаат на позитивен раст на бизнисот на среден и долг рок, смета јапонскиот производител.

„Mazda North American Operations“ ќе ја претстави „Mazda CX-90“ (MY2024) на 31-ви јануари. Овој теренец ќе се нуди со долгоочекуваниот сосема нов, моќен 3,3-литарски 6-цилиндричен бензински турбо мотор „e-Skyactiv“.

Моторот ќе има најголема моќност и вртежен момент од сите масовно произведени бензински мотори развиени од „Mazda“ досега (340 ks и 500 Nm).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП