2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕдна жена од швајцарија заработува како 11 бугари

Една жена од швајцарија заработува како 11 бугари

plata

Додека на секој ,,машки” долар во САД, жените заработуваат помалку од 77 центи, ситуацијата во Европа не е нималку подобра. Судејки според статистиката, не постои држава во Европската унија каде жените се подобро платени од мажите за вршење на иста работа.

Според последниот просек направен врз 27 европски земји, мажите годишно заработуваат 34.495 евра, а жените 26.513 евра. Тоа е речиси 8.000 евра помалку за година дена.

Или во превод, жените за година дена остануваат ускратени од 2,7 просечни ,,машки” плати.

Па така, Белгиец заработува 46.251 евро, а Бугар заработува само десетина од него, односно 4.978 евра. Жените во Белгија заработуваат 39.642 евра, додека во Бугарија 4.256 евра годишно.

Во Швајцарија просечната заработувачка е убедливо највисока: мажот годишно носи дома 66.664 евра, а жените 52.526 евра.

Така, жените во Бугарија се платени една дванаестина од платата на жените во Швајцарија, додека мажите во Бугарија се платени една единаестина од платата на Швајцарките.

Преку океанот ситуацијата изгледа вака: вработените мажи во Америка имаат просечна годишна плата од 43.300 долари, додека жените имаат 37.800 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП