6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМарио Драги: Рано е да се каже дали на Грција ќе и...

Марио Драги: Рано е да се каже дали на Грција ќе и треба трет пакет за спас

0905_mario_draghi_630x420

Засега е рано да се прогнозора дали на Грција ќе и биде потребен трет пакет финансиска помош, изјави претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ).

Во одговор на прашање на европартеник од редовите на грчката опозициска партија Сириза, Драги потенцира дека грчкиот долг засега е одржлив, потсетувајќи дека во тек е исплатата на помошта од вториот пакет за спас на Грција.

Драги нагласи дека ЕЦБ ќе продолжи да и исплаќа средства на Грција од вториот пакет-помош до крајот на 2014, додека Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој заедно со ЕЦБ и ЕУ ја сочинуваат „тројката“ меѓународни кредитори на Атина, ќе одделува средства за потребите на грчката држава до почетокот на 2016 година.

Донесувањето на евентуална одлука за трет пакет за спас на Грција ќе зависи од обемот на пристапот на земјата до финанските пазари до крајот на 2014 година, нешто што засега е тешко да се предвиди, дополни Драги во одговорот од европартеникот од Сириза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП