21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард: Економијата на еврозоната се држи подобро од очекуваното

Лагард: Економијата на еврозоната се држи подобро од очекуваното

Економската активност на еврозоната е забавена во споредба со 2022 година, но оваа година ќе биде „значително подобра“ од предвиденото – и покрај инфлацијата и енергетската криза, изјави во Давос претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард.

„Вестите станаа многу попозитивни во последните недели“, така што тековната година „нема да биде фантастична, но ќе биде многу подобра отколку што се плашевме“, рече Лагард на Светскиот економски форум во Давос.

Пазарите на трудот, особено во Европа, никогаш не биле подинамични со невработеност на најниско ниво во последните 20 години, рече таа.

Таа конкретно се осврна на Германија, првата економија во Европа која, според германскиот канцелар Олаф Шолц, ќе избегне рецесија во 2023 година, и покрај сè уште тензичната ситуација поради енергетската криза.

Германија, погодена од инфлацијата која ги зголемува трошоците на преработувачката индустрија – моторот на нејзината економија – се чини дека се држи подобро од очекуваното благодарение на силната потрошувачка и значителните придобивки.

Европската комисија, пак, предвидува намалување на БДП на еврозоната, како и на целата ЕУ, во последниот квартал од 2022 година и во првите три месеци од 2023 година, по што ќе следи закрепнување.

Лагард посочи дека инфлацијата е превисока, иако растот на цените е забавен по надминувањето на 10 проценти во октомври.

„Централната банка е решена да ја врати инфлацијата на (целните) два проценти во догледна иднина“, рече Лагард, додавајќи дека банката ги презема сите можни мерки за да го постигне тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП