21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзборите не оставија последици на германската економија

Изборите не оставија последици на германската економија

angelamerkel1

Германскиот приватен сектор во септември, инаку изборен месец во земјата, оствари најголем раст од јануари оваа година.

Тоа може да се толкува како знак дека првата економија на еврозоната ќе продолжи со позитивниот раст и во третиот квартал.

Прелиминарниот индекс на менаџерите за набавка кој ја мери активноста во преработувачкиот сектор но и во секторот за услуги, односно две третини од економската активност, во септември се зголеми на 53,8 поени од 53,5 поени кои беа измерени во август.

Границата над 50 поени укажува на зголемена економска активност, а ова зголемување е резултат на растот на новите нарачки во услужниот сектор.

„Германската економија во септември покажа јасни знаци на оживување, што би требало позитивно да се одрази и на целата еврозона“, сметаат аналитичарите на Маркит.

Прелиминарниот подиндекс на сервисните услуги е зголемен над очекуваните 53,1 поени на 54,4 поени, додека подиндексот за производствениот сектор е намален од 51,8 поени кои беа забележани во август на 51,3 поени, што е под границата на очекуваните 52,2 поени.

Ова, исто така е уште еден доказ дека германската економија нема многу препреки пред себе, бидејќи во некои земји за време на „изборниот месец“ економијата е во „целосна парализа“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП