20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan: Рекордна продажба во 2012

Nissan: Рекордна продажба во 2012

nissan1

Продажбата на „Nissan“ во текот на минатата година се зголеми за 5,8 проценти, на рекордни 4,94 милиони возила. „Honda“, третиот по големина производител на автомобили во Јапонија, продаде 3,82 милиони возила, во однос на 3,09 милиони продадени возила една година претходно, благодарение на зголемената побарувачка од Америка и Азија.

Големата продажба во Азија и закрепнувањето на Северна Америка помогнаа да се поддржи продажбата на три јапонски компании, неутрализирајќи ја слабата побарувачка од Европа и последиците од дипломатскиот спор на Токио и Пекинг, поради кој кинеските потрошувачи ја бојкотираа јапонската стока во вториот дел од годината.

„Nissan“ објави дека во текот на минатата година забележал рекордна продажба во САД. Во ноември, од компанијата, предупредија дека нето добивката во фискалната година, која трае до март, ќе биде помала за 20 проценти и ќе изнесува 320 милијарди јени (3,52 милијарди долари), поради високата изложеност на кинескиот пазар.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП