10 мај, 2024
ПочетнаСВЕТПриведена Грета Тунберг во Германија(ВИДЕО)

Приведена Грета Тунберг во Германија(ВИДЕО)

Климатската активистка, Грета Тунберг, беше меѓу приведените на денешниот протест против евакуацијата на германското село Луцерат, соопшти полицијата.

Тунберг беше приведенa додека протестираше во отворениот рудник за јаглен Гарцвајлер 2, на околу девет километри од Луцерн.

Шведскaтa активистa се приклучи на протестот во Германија минатиот петок. Таа седеше сама во голем полициски автобус откако беше приведена, јавија германските медиуми.

Во западна Германија, и по евакуацијата на активистите од селото Луцерат, кое пропаѓа поради проширувањето на рудникот за лигнит, протестите на еколошките активисти продолжуваат. Така, во Келн, оддалечен 40-ина километри, активисти го запреа сообраќајот за време на утринскиот шпиц. Полицијата се подготвува да одговори на слични акции, пренесе германската новинска агенција ДПА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП