20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЛуѓето кои вршат мултитаскинг имаат проблем со концентрација

Луѓето кои вршат мултитаскинг имаат проблем со концентрација

multi

Оние кои работат повеќе работи истовремено веруваат дека се добри во извршувањето на истите, но утврдено е дека имаат проблем со концентрацијата во одредени задачи, изјавија истражувачите од универзитетот „Utah“ во Salt Lake City.

Американските професори велат дека возачи кои управуваат со автомобил, а во исто време зборуваат на мобилен телефон, се импулсивни, па постои ризик да доживеат сообраќајна несреќа.

Според истражувањето, некои луѓе сакаат да прават одредена работа или пак повеќе работи истовремено, бидејќи тоа за нив е стимулирачко, интересно, предизвикувачко и возбудливо дури и кога може да и наштети на вкупната ефикасност во работата.

„Алармантно е тоа што луѓето кои зборуваат на телефон додека возат се трудат да бидат мултитаскери. Но тоа не треба да го прават. На луѓето им покажавме дека оние личности кои прават повеќе работи истовремено се помалку способни за тоа“, рече професорот Дејвид Санбонматс.

Во истражувањата се испитани 310 студенти во врска со нивната способност за мултитаскинг. Повеќе од 70 проценти  мислеле дека се над просекот.

Луѓето кои најмногу го сакаат мултитаскингот  сметаат дека се подобри од просечните луѓе, но всушност се полоши, изјави ко-авторот на студијата Дејвид Стрејер.

Оние кои се поспособни не се впуштаат во мултитаскинг, бидејќи повеќе се фокусирани на работата која ја извршуваат во моментот. Тоа биле само 25 проценти од испитаниците.

Студијата била направена од страна на Здружение за сигурност во сообраќајот во САД.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП