29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд полноќ се зголемува цената на бензините и дизелот

Од полноќ се зголемува цената на бензините и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,34 процени во однос на одлуката од 9.1.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 3,918 %, кај дизелот 3,712%, кај екстра-лесното масло 4,303 % и кај мазутот 1,552 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,785 %.

Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-98“ се зголемува 1,50 денар/л.

Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува 1,50 денар/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,176 денари/кг и сега ќе изнесува 39,459 денари/кг.

Од 17.1.2023 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– моторен бензин „евросупер БС-95“ – 80,00 (денари/литар)

– моторен бензин „евросупер БС-98“ – 82,50 (денара/литар)

– дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 81,50 (денар/литар)

– масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 81,00 (денар/литар)

– мазут М-1 НС – 39,459 (денари/килограм)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП