29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТГерманскиот министер за одбрана поднесе оставка поради војната во Украина

Германскиот министер за одбрана поднесе оставка поради војната во Украина

Германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт денеска соопшти дека побарала од канцеларот Олаф Шолц да ја ослободи од должноста, пренесе Ројтерс.

Гардијан известува дека има кулминација на растечкиот скептицизам за нејзината способност да ја оформи германската армија во контекст на војната во Украина.

Иницијативата, како што се наведува, потекнува од неа, а не од владата.

Нејзината одлука да се повлече доаѓа откако Германија е под притисок да одобри зголемување на меѓународната воена поддршка за Киев, а одбранбените способности на Германија се доведени во прашање откако неколку пешадиски тенкови Пума беа онеспособени за време на неодамнешната воена вежба.

Веќе се разговара за нејзиниот наследник, напиша претходно Билд. Портпаролот на Министерството за одбрана наводите на Билд ги нарече „гласини кои не ги коментираме“.

Во актуелната анкета на INSA за Билд, Ламбрехт беше на последното место меѓу 20 политичари. Таа е уште помалку популарна од лидерите на АфД, Алис Вајдел (43) и Тина Чрупала (47).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП