29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБогатите стануваат побогати

Богатите стануваат побогати

I

Во периодот од 1983 до 2009 година американските богаташи го зголемиле своето богатство за околу 75 проценти, додека имотната состојба на 80 проценти од американските домаќинства е се полоша.

Нето вредноста на еден процент од најбогатите домаќинства во Америка во 2009 година била 14 милиони долари, додека, за споредба, просечната нето вредност на 47 проценти од домаќинствата кои се на другата страна на листата била речиси нула. За речиси една половина од Американците просечниот долг е еднаков на просечната имотна состојба.

Околу 300 најбогати луѓе во светот (од кои една третина се од САД) имаат повеќе пари отколку три милијарди лица од најсиромашната класа. Најголемата разлика помеѓу богатите и сиромашните е забележана во Русија, Украина, Либан и САД.

Десет проценти од најбогатите луѓе поседуваат речиси 90 проценти од сите акции, а пазарот на акции се побрзо се зголемува.

Истовремено, оние кои припаѓаат во групата на 20 проценти од најдобро платените, донираат просечно 1,3 проценти од своите приходи. Од друга страна, 20 проценти од најсиромашните донираат 3,2 проценти од своите приходи.

Најбогатите 400 Американци заработиле 200 милијарди долари само за една година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП