19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТВојна во Украина 327. ден: Продолжува спасувањето од урнатините во Днепар; Ердоган:...

Војна во Украина 327. ден: Продолжува спасувањето од урнатините во Днепар; Ердоган: Турција нема намера да воведува санкции кон Русија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека продолжуваат спасувачките операции од погодената станбена зграда во Днепар. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција нема намера да се приклучи на санкциите против Русија и ќе ги одржува односите со Владимир Путин. Украина воведе санкции за 198 руски државјани.

Војната во Украина влезе во 327. ден. Продолжува потрагата по преживеани во урнатините на станбена зграда во градот Днепар. Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека 30 лица загинале, а уште 30 се водат како исчезнати.

Поради воздушните напади врз електроенергетската инфраструктура, снабдувањето со електрична енергија е отежнато низ цела Украина, а локалните власти ги предупредија граѓаните на можноста за вонредни ограничувања.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција ги одржува и ќе ги одржува односите со рускиот лидер Владимир Путин додека сите од Запад ја „напаѓаат Русија“ и дека земјата нема намера да воведе санкции кон Москва.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го потпиша указот на Советот за национална безбедност на Украина за воведување санкции против 198 руски државјани од областа на културата и медиумите.

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека „специјалната воена операција“ покажува позитивен тренд и се надева дека руските војници ќе постигнат натамошен напредок по битката за Соледар.

Бројот на загинати во рускиот ракетен напад врз зграда во Днепар се зголеми на 35

Бројот на загинати во ракетниот напад на руските сили врз зграда во Днапар во неделата се зголеми на 35, соопшти утринава шефот на регионалната воена управа на Днепропетровск, Валентин Резниченко.

Американците во базата во Германија почнаа да ги обучуваат Украинците за борба

Новата американска, проширена обука за украинските војници започна во неделата во Германија, а целта е да се врати баталјон од околу 500 обучени војници на бојното поле во следните пет до осум недели, изјави началникот на Здружениот штаб на вооружените сили на САД, генералот Марк Мили.

Започна заедничката вежба на воздухопловните сили на Русија и Белорусија

Заедничката тактичка летна вежба на воздухопловните единици на вооружените сили на Русија и Белорусија започна денеска, пренесува агенцијата Белта, повикувајќи се на Министерството за одбрана на Белорусија.

Брод со пченица за Авганистан тргна од украинското пристаниште

Три брода денеска испловија од украинските пристаништа на Црното Море, од кои едниот беше изнајмен за потребите на Светската програма за храна на ОН за испорака на пченица во Авганистан, соопшти Заедничкиот координативен центар во Истанбул (ЗКЦ).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП