19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolvo сепак ќе има конкурент на S сlasѕ и Ѕeriа 7?

Volvo сепак ќе има конкурент на S сlasѕ и Ѕeriа 7?

vlo

Изгледа дека шефот на компанијата „Geely“ не е човек кој лесно се откажува од своите цели. Иако директорите на „Volvoa“ изјавија дека оваа компанија нема да произведува лимузина од високата класа, најверојатно Швеѓаните ќе имаат модел во класата на „Audi A8“, „Mercedes S сlasѕ“ и „BMW 7“.

Иако директорите на „Volvo“, Штефан Јакоби и Хакан Самуелсон изјавија дека големата лимузина на се вклопува во „зелениот“ имиџ на компанијата, големиот „бос“ од Кина за кинеските медиуми изјави дека „Volvo“ ќе развие автомобил базиран на продолжената платформа на новата генерација на „Volvo S80“. Новиот модел би требало да го има името „S100“.

Директорот на „Geely“ изјавил дека „S100“ ќе биде поголем и полуксузен модел и од новата генерација на „Volvo S80“ и во сосема друга категорија од акуелниот модел „S80L“ кој се произведува во Кина.

vlo1

Моделот „S100“ исто така ќе се произведува во Кина во фабриката Ченгду, но во овој момент се уште не се знае дали ќе биде понуден и на другите пазари.

Ли Шуфу, директорот на компанијата „Geely“, на конференцијата не објави податоци за моторите на овој модел, но тоа е полето каде што „Volvo“ ќе се сретне со најголемите предизвици.

vlo2

Швеѓаните неодамна објавија дека ќе се фокусираат на 4-цилиндарските мотори и дека полека од употреба ќе ги отфрлат моторите со 5 и 6 цилиндри. Во класата во која имиџот е многу важен, моторот со само 4-цилиндри може да претставува минус, без оглед на перформансите и емисијата на штетни гасови.

„Volvo“ повеќе во својата понуда го нема моторот на „Yamahа V8“ кој беше вграден во моделите „XC90“ и „S80“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП