9 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКои квалитети ги поседува одличниот работник?

Кои квалитети ги поседува одличниот работник?

kvaliteti1

Идеалните вработени се: сигурни, независни, проактивни, имаат лидерски квалитети, но истотака се и добри следбеници. Тие поседуваат широк спектар на квалитети кои лесно се дефинираaт, но тешко е да се пронајдат.

Почитувани работодавци, прочитајте кои карактеристики ги поседуваат одличните вработени. Дали има такви луѓе во Вашата компанија?Дали ги почитувате доволно?

Вработени: дали ги поседувате следните карактеристики? Дали Вашите работодавци ги вреднуваат?

Одличниот работник:

Екcцентричен

Најдобрите вработени обично се малку ,,поинакви”: понекогаш необични, смешни, не веруваат слепо. Помалку се и чудни, но на позитивен начин. Необичните карактери, внесуваат ведрина и во работното секојдневие.Тоа се луѓе кои независат од други личности и постојано внсуваат креативни, продуктивн иидеи.

Ги пофалува своите колеги

Сигурно се ​​чувствувате добро кога ќе Ве пофали Вашиот претпоставен. Но пофалбата од колегите е прекрасно чувство, особено ако тоа лице Ви е и конкуренција.

Добар вработен знае да го признае придонесот на другите и не заборава да оддаде почит за добро завршена работа.

Тој зборува кога никој друг не сака

Некои вработени едноставно не сакаат да зборуваат за време на состанокот. Добриот вработен нема да се двоуми да праша нешто, иако другите не се осмелуваат тоа да го направат.

Знае што сака и го остварува тоа

Некои луѓе ретко се задоволни и секогаш измислуваат нешто ново за да ја подобрат работата. Тоа се оние личности кои мислат, секогаш може и подобро, но не застануваат само на зборување туку на тоа и работат.

Кога е потребно, се пожалува

Сите очекуваат од вработените искреност, но постојат проблеми за кои не треба да се зборува јавно.  Одличниот вработен без одлагање, кога постои некој проблем, ќе зборува со својот претпоставен, но пред или после состанокот, затоа што знае дека ако го потенцира проблемот за време на состанокот, ќе предизвика колективна ,,бура”.

Сака да им докажува на другите кога не се во право

Мотивираните, одличните вработени имаат потреба да им докажуваат на оние кои се сомневат во нив. Образованието, интелегенцијата, талентот и вештините се важни, но мотивацијата е клучна.

Одличните вработени, работата не ја гледаат како еднократна задача, туку како процес кој треба постојано да се надоградува и подобрува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП