20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВо изградба е кинескиот Холивуд

Во изградба е кинескиот Холивуд

wanda

Во присуство на американски и азиски филмски ѕвезди, кинескиот холдинг „Wanda Group“ го започна својот амбициозен проект за „град на киното“ во Кингдао (Источна Кина). Оваа групација има амбиција да прави стотина филмови годишно и со тоа да му конкурира на Холивуд.

На црвениот тепих за време на церемонијата се појавија Никол Кидман, Леонардо ди Каприо, Џон Траволта, Јуан Мекгрегор и Кетрин Зета-Џонс.

Создавањето на огромниот комплекс со површина од 376 хектари, од кои 200 наменети за кинематографско производство, започна во почетокот на годината и ќе заврши во 2016-та година.

„Овој источен „град на киното“ претставува инвестиција од вкупно 50 милијарди јуани (6,1 милијарди евра) и ќе и овозможи на Кина да стане културна сила“, изјави генералниот директор на „Wanda“, Ванг Џиалин кој е најголемиот сопственик на кино сали во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП