18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемени активностите во кинеската индустрија

Зголемени активностите во кинеската индустрија

kina5

Активностите во кинеската индустрија во септември го достигнаа највисокото ниво во последните шест месеци, што е најновиот знак дека втората економија според големината во светот постепено се опоравува од долгото забавување.

Прелиминарниот индекс на менаџерите за набавка кој го изработува банката „HSBC“ се искачи на 51,2 поени, од 50,1 поени кои беа забележани во август.

Ова е уште еден охрабрувачки знак за кинеските лидери кои се обидуваат да го поништат трендот за намалување на активноста.

Растот во изминатите три месеци забави на најниското ниво во последните две децении, на 7,5 проценти. Други неодамна објавени податоци покажуваат подобрување на трговијата, индустриското производство и продажбата на автомобили.

Истражувањето на „HSBC“ покажа забрзан раст на производството, како и нови а и постојани нарачки во тековниот месец. Пораснале и новите извозни нарачки.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП