3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија има потреба од два милиони работници

Германија има потреба од два милиони работници

Недостигот од работна сила станува се позабележителен во Германија, каде има два милиони непополнети работни места, изјавија тамошните работодавци, додавајќи дека земјата се соочува со стареење на населението, пренесува агенцијата Франс прес.

„Во Германија два милиони работни места се слободни и тоа резултира со загуба од 100 милијарди евра“, велат од Трговско-индустриската комора, која ја спровела студијата.

Според резултатите од истражувањето на 22.000 германски компании, половина од нив тешко ги пополнуваат работните места.

Германија со години се соочува со недостиг на работна сила поврзана со стареењето на населението во клучните сектори како што се индустријата, здравството, хотелите и рестораните и градежништвото.

Ситуацијата се влоши, како и во многу западни земји, по пандемијата на корона вирусот, додека стапката на вработеност во земјата вртоглаво расте.

Во моментов речиси 58 отсто од компаниите од индустрискиот сектор се жалат на недостаток на работна сила, наведуваат од комората и додаваат дека најбарана е квалификуваната работна сила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП