Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска ќе поднесе кривична пријава против цементарницата „Титан Усје“ оти инспекторите од Град Скопје и од Министерството за животна средина утврдиле дека испушта штетни честички и гасови трипати над дозволените граници.
„ Преземав иницијатива за покренување кривична постапка против цементарницата ‘Титан Усје’ за непридржување кон прописите за заштита и унапредување на животната средина со што се загадува воздухот, почвата, водата во поголем обем и со што се предизвикува опасност по животот и по здравјето на луѓето. Граѓаните на Скопје недозволиво е да бидат жртви на профитите на неколкумина кои со децении не трујат обидувајќи се со донации по општините со коруптивно однесување со најразличен вид на влијанија да се амнестираат за одговорноста за загадувањето на животната средина од која што илјадници наши сограѓани страдаат од бројни заболувања“, рече градоначалничката Арсовска.

