26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали Германците се навикнаа на кризата?

Дали Германците се навикнаа на кризата?

Среде криза, Германците со песимизам гледаат на иднината, иако сега нешто помалку изразено од пред една година, според истражувањето објавено во средата од Институтот Форса.

Имено, 58 отсто од испитаниците се изјасниле дека очекуваат влошување на економијата во следните неколку години, наспроти една петтина кои очекуваат подобрување.

Иако песимистите се во убедливо мнозинство, тоа е помало отколку во екот на пандемскиот бран пред една година, кога 70 отсто од испитаниците изразија песимизам.

Истражувачите на јавното мислење ја припишуваат промената на „ефект на навикнување“. Така, на пример, веќе на крајот на 2022 година, значително помалку луѓе се плашеа од енергетски дефицит отколку само неколку месеци порано.

Додека уделот на песимистите и оптимистите практично не се менува според приходите, разликите меѓу симпатизерите на одредени партии се големи.

Така, 42 отсто од гласачите на Зелената партија очекуваат влошување на економијата, а кај оние кои гласаат за партијата Левица и десничарската Алтернатива за Германија (АфД), тој удел е 75, односно 82 отсто.

Економистите речиси едногласно проценуваат дека германската економија оваа година ќе избегне тежок економски пад – барем толку тежок колку што луѓето стравуваат поради енергетската криза и рекордната инфлација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП