9 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен бројот на туристи во земјава

Зголемен бројот на туристи во земјава

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во ноември 2022 година изнесува 56 886, од кои 36.2 % се домашни туристи, а 63.8 % се странски туристи.

Бројот на ноќевањата во ноември 2022 година изнесува 124 969, од кои 40.6 % се од домашните туристи, а 59.4 % од странските туристи.

Во периодот јануари – ноември 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 38.8 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.2 %, а кај странските зголемувањето е за 84.5 %.

Во периодот јануари – ноември 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 23.3 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3.9 %, а кај странските зголемувањето е за 72.2 %.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП