24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМаск влезе во Гинисовата книга на рекорди, загуби речиси 200 милијарди долари

Маск влезе во Гинисовата книга на рекорди, загуби речиси 200 милијарди долари

Илон Маск, сопственикот на Тесла и Твитер, ја започна 2023 година со соборување на светскиот рекорд за губење пари.

Тој влезе во Гинисовата книга на рекорди откако неговото богатство се намали за 165 милијарди долари во 2022 година, што е најголема загуба на личното богатство, објави организацијата, повикувајќи се на податоци на Форбс.

Во соопштението, Гинис рече дека иако „точната бројка за загубата на Маск е речиси невозможно да се утврди“, а некои медиуми проценуваат дека изгубил повеќе од 200 милијарди долари, сопственикот на Твитер го собори претходниот рекорд: загуба од 58,6 милијарди долари на јапонскиот инвеститор Масајоши Сон во 2000 г.

Блумберг напиша дека сопственикот на Тесла и Твитер, Илон Маск, изгубил околу 200 милијарди долари минатата година, со што станал првиот човек на планетата што изгубил толкава сума пари.

Според извештајот, Маск имал нето вредност од 340 милијарди долари, откако пазарната капитализација на Тесла надмина 1 трилион долари кон крајот на минатата година. Сепак, неговото богатство сега вреди 137 милијарди долари.

Загубата беше доволна за да го спречи Маск да биде најбогатиот човек на светот, кој сега е магнатот за луксузни производи Бернард Арно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП