26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд продажбата на гас и нафта во јаунари Русија очекува околу 800...

Од продажбата на гас и нафта во јаунари Русија очекува околу 800 милиони долари помалку

Приходите од продажбата на нафта и гас во руската каса ќе бидат за околу 54,5 милијарди рубљи (790 милиони долари) помалку во јануари, се наведува во пораката на веб-страницата на руското Министерство за финансии.

Во јануари 2022-ра година, односно пред почетокот на војната во Украина, приходите од продажба на нафта и природен гас достигнаа 794 милијарди рубљи, се наведува во извештајот на институцијата.

Секторот констатира и очекувано намалување на приходите од продажба на природен гас и додава дека ќе има ажурирање на податоците кога тоа ќе се случи.

„Bloomberg“ пред еден ден објави дека Русија очекува рекорден буџетски дефицит во декември, врз основа на коментарите на министерот за финансии Антон Силуанов. Официјални податоци за извршување на буџетот се очекуваат во текот на месецот.

Според голем број медиуми, од наметнувањето на ограничувањето на цената на нафтата, Русија ги продава своите оценки под границите. За сортата Урал, на пример, попустот е во износ од речиси 40 долари за барел. Но, според Кремљ, досега ниту една земја не го имплементирала механизмот, додава „Reuters“.

На крајот на 2022-ра година рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет според кој од 1-ви февруари Русија ќе престане да продава нафта на земјите кои воведуваат плафон на цената на суровината. Мерката беше воведена на 5-ти декември од Г-7 и земјите од ЕУ. Таа предвидува одбивање на услуги – осигурување, логистика, итн. за нафтата чија цена е над 60 долари за барел.

Руската нафта традиционално се продаваше со попуст на цената на Брент, но пред војната се движеше во опсег од 5-10 долари за барел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП