24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОвие симптоми покажуваат дека имате интолеранција на пиво

Овие симптоми покажуваат дека имате интолеранција на пиво

Ако сакате да пиете пиво и да уживате во неговиот вкус, но по одредена количина осеќате вртоглавица, надуеност или чудна стомачна болка, тоа не мора да значи дека сте испиле премногу. Иако пивото има хранлива вредност, неговиот состав и структура не одговараат на сите и може да биде неподносливо за дигестивниот систем.

Кога пиете нормална количина пиво и ги доживувате овие симптоми, веројатно сте нетолерантни на јачмен, хмељ или квасец.

Доколку се чувствувате подуено кога пиете пиво, а често добивате и дијареа, јасно е дека вашето тело не го поднесува популарниот пијалок и неговиот состав не ви одговара. Не очајувајте, има многу други пијалоци во кои можете да уживате.

Во основа, ако се храните здраво и немате други проблеми поврзани со дигестивниот систем, а после пиење пиво чувствувате непријатни симптоми, тогаш речиси сигурно станува збор за интолеранција на пивото и неговиот состав.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП