25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБајден за доверливите документи пронајдени во неговата канцеларија: „Не знам што има...

Бајден за доверливите документи пронајдени во неговата канцеларија: „Не знам што има во нив“

Американскиот претседател Џо Бајден објави дека е изненаден кога дознал дека во неговата поранешна канцеларија во невладината организација „Пен Бајден Центар“ во Вашингтон се пронајдени доверливи документи и нагласи дека тој и неговиот тим целосно соработуваат во расветлувањето на сите околности на случајот.

Во обраќањето пред новинарите, на заедничката конференција со лидерите на Мексико и Канада, Бајден вчера најави дека сериозно ги сфаќа доверливите документи и рече дека не знае што содржат.

„ Целосно соработуваме во прегледот, кој се надевам дека наскоро ќе биде завршен“, рече Бајден.

Адвокатскиот тим на Бајден откри околу 10 досиеја во заклучен кабинет во Центарот Пен Бајден во Вашингтон во ноември, и тие беа предадени на Националниот архив. ФБИ е вклучен во истрага за доверливи документи пронајдени во невладината организација, а од американскиот државен обвинител Мерик Гарланд е побарано да ги разгледа.

За време на вчерашното обраќање Бајден се обиде да го оправда ракувањето со документите.

„ Пронајдоа некои документи во кутија во заклучен плакар. И веднаш сфатија дека во таа кутија има неколку доверливи документи. Тие го направија тоа што требаше да го направат. Веднаш се јавија во архивата – изјави американскиот претседател.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП