5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТБолсонаро пуштен од болницата во Флорида

Болсонаро пуштен од болницата во Флорида

Поранешниот претседател на Бразил, Жаир Болсонаро, беше пуштен од болницата во близина на Орландо, Флорида (Соединети Американски Држави), каде што беше примен во понеделникот поради стомачни проблеми, јавува Ројтерс повикувајќи се на неименуван извор близок до неговото семејство, пренесува Танјуг.

Болсонаро, кој замина за Флорида 48 часа пред истекот на мандатот, беше примен во болница еден ден откако голем број негови приврзаници упаднаа во бразилскиот Конгрес, Врховниот суд и претседателската палата во Бразилија.

Нему му беше дадена медицинска помош поради болки во цревата, кои се поврзани со нападот со нож врз него во 2018 година за време на изборната кампања, пренесува Ројтерс.

Неговиот лекар рекол дека состојбата не е сериозна.

67-годишниот Болсонаро не го призна поразот на изборите, кои се одржаа во тензична атмосфера, и замина за САД пред да ја предаде функцијата на 1 јануари, а во понеделникот беше примен во болница во Флорида поради стомачни болки.

Десетици илјади приврзаници на Болсонаро упаднаа во зградите на Конгресот, Врховниот суд и претседателската палата во неделата, а бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, кој не беше во Бразилија за време на немирите, го обвини Болсонаро за немирите и најави дека сите учесници ќе бидат казнети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП