4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ„Готвачот на Путин“ се пофали со успех на платениците на Вагнер во...

„Готвачот на Путин“ се пофали со успех на платениците на Вагнер во Украина

Евгениј Пригожин, рускиот бизнисмен и шеф на Вагнер, попознат како „готвачот на Путин“, на својот канал на Телеграм се пофали со новиот успех на неговите борци, наведувајќи дека вагнеровците ја презеле контролата врз градот Соледар, каде во последните денови се водеа жестоки битки.

„Единицата ПМЦ Вагнер“ ја презедоа контролата на целата територија на Соледар. Во центарот на градот се водат урбани битки. Бројот на затвореници ќе биде објавен утре“, се вели во пораката.

Претходно, вршителот на должноста шеф на ДПР Денис Пушилин објави дека градовите Соледар и Артемовск се блиску до „ослободување“, пренесува ТАСС. Но, Институтот за проучување на војната (ISW) во најновата анализа тврди дека Русите не го контролираат Соледар.

Руските сили извршија копнени напади низ фронтот во регионот на Доњецк и зазедоа одредена територија, но не го зазедоа Соледар, и покрај лажните тврдења, тврди ISW. Украинските сили продолжија со освојувањата по линијата Сватове-Кремина, додава Институтот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП