20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот конечно надмина 17.000 долари и го повлече и етерот

Биткоинот конечно надмина 17.000 долари и го повлече и етерот

По неколку недели тешка стагнација, најпознатата криптовалута биткоин конечно се пресели преку стабилни 17.000 долари, а исто така го повлече и Ethereum на повеќе од 1.300 долари.

Максимумот со кој се тргуваше со биткоинот во изминатите два дена беше 17.391 долар во понеделникот, а денеска се „смири“ на околу 17.222 долари. Ethereum се „стабилизираше“ на 1.326 долари, а во одредени моменти достигна и 1.330 долари.

Порастот на берзите го следеа Gala, Solana и XRP и APT како моментално највредни криптовалути.

Најголем раст забележа до неодамна губитникот FTT, од берзата за токени FTX/USD во сопственост на уапсениот Сем Банкмен-Фрид, кој „скокна“ 40 отсто по падот во ноември и се тргуваше за 1,30 долари.

Веднаш по него, APT порасна за цели 32 отсто, SRM за 12 отсто, а Luna и WOO за околу 10 отсто.

Топ-листата на најголеми губитници моментално ја предводи ZIL, кој загуби над осум отсто од својата вредност, а потоа следат OCEAN, CKB, MAGIC и ETV со над пет отсто пад во изминатите 24 часа.

Морган Стенли предупреди дека вредноста на GBTC (фонд кој поседува повеќе од 46 проценти од BTC) може да падне на нула поради регулаторни промени, криза на доверба, грешка или оперативен проблем во мрежата на биткоинот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП