30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЦело богатство за одржувањето на „Bugatti Chiron“ (ВИДЕО)

Цело богатство за одржувањето на „Bugatti Chiron“ (ВИДЕО)

Новото видео од „The Hamilton Collection“ покажува колку би чинело да се поседува „Bugatti Chiron“ за една деценија, и тоа не е евтино, но исто така не е толку скапо како што мислите.

Откако ќе го купите, „Bugatti“ нуди четири години бесплатни услуги за одржување на „Chiron“. Годишниот сервис на „Chiron“ е 10.700 евра, а вклучува промена на маслото и филтерот за масло, менување на батеријата на клучот, менување на филтерот во кабината и течноста за сопирачките.

Големиот сервис се прави по четири години, а сопственикот би морал да го направи тоа барем еднаш во првите 10 години. Чини околу 31.000 евра, а вклучува промена на маслото на предната и задната оска, менување масло и филтер за менувачот, филтер за свеж воздух на моторот, менување на погонскиот ремен, свеќички, менување на хидрауличкото масло и филтер и нова течност за ладење.

„Bugatti“ исто така препорачува менување на гумите на секои пет години, што додава дополнителни 8.000 евра. Шест години трошоци за одржување, по првите четири години, вкупно 86.000 евра. Со комплет гуми ја носи таа бројка на околу 93.000 евра. Сепак, ова не ги вклучува трошоците за артикли кои не се опфатени со гаранција или сервис. Заменскиот клуч на „Bugatti“ чини 12.703 евра, додека сопирачките и дисковите се 44.000 евра.

Видеото исто така нагласува колку би чинело замена на погонската единица, бидејќи тоа е нешто што сопственикот може да го направи долго по првите 10 години од сопственоста. Срцето W16 од 8,0 литри на „Chiron“ чини повеќе од 800.000 евра за замена, што е околу 234.000 евра повеќе од моторот на „Veyron“. Тоа се големи бројки, но „Chiron“ е скапо дело на инженерството и уметноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП