„Речиси и да нема повеќе ѕидови во Соледар, а земјата е покриена со руски трупови“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека Бахмут и Соледар се држат и покрај огромното уништување.
„Исклучително е тешко, речиси и да нема цели ѕидови… Благодарение на нашите борци во Соледар, Украина доби дополнително време и сила“, рече тој, а пренесува „Гардијан“.

