21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДАЛИ Е МОЖНО ДА СЕ ЗАШТЕДИ ПАРИ ВО ЈАНУАРИ? Експертите ги открија...

ДАЛИ Е МОЖНО ДА СЕ ЗАШТЕДИ ПАРИ ВО ЈАНУАРИ? Експертите ги открија најефективните начини како да не оставите празен паричник

Иако новогодишните и божикните празници се време на радост, тие се и период на одрекување поради сите финансиски трошоци кои не оптоваруваат.

Дали е можно да се заштедат пари во таканаречениот финансиски најдолг месец и кои начини на штедење се најефикасни?

Јануари е месец полн со празници, радости и давање, но од финансиска страна често ни предизвикува главоболка. Бројните трошоци веќе после 15-ти во месецот нè оставаат со празен паричник. А штедењето за време на празниците изгледа речиси невозможно.

Граѓаните во месец јануари влегуваат веќе истрошени. Покрај тоа што плаќаат редовни сметки, во текот на декември се подготвуваат и за пречекот – дали ќе ја дочекаат Новата година дома или во некој од локалите, покрај тоа на списокот на трошоци е и непотребното купување празнични подароци и облека. А трошоците продолжуваат во јануари, за време на Божик.

-Не постои универзално правило што би го споделиле за граѓаните да остварат заштеди на крајот на годината. Штедењето секогаш зависело од приходите, расходите, начинот на живот. Некој успева да заштеди во текот на годината, некој никогаш не успева да заштеди, се задолжува, посегнува по банкарски кредити, велат експертите.

Овој јануари се чини дека е уште потежок за паричникот отколку во претходните години. Инфлацијата предизвикана од Ковид и конфликтот во Украина влијаеше на растот на цените.

Треба да ја земете предвид температурата во становите, бидејќи веќе е познато правило дека 1 степен пад на температурата заштедува 6%. Онаму каде што има можност да се стават термо-глави за радијатори, да се изоираат прозорците. Кога станува збор за исхраната, добро е познато дека храната се купува во поголемите супермаркети, каде што е поповолна.

Простор за заштеда треба да се бара токму во потрошувачката, т.е. каде што трошиме. Експертите посочуваат дека секогаш постои можност, макар и минимална, да се балансираат приходите со расходите. Затоа, направете план за купување, строго држете се до него и не паѓајте во замките на акциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП