19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНатпросечно интелигентните луѓе ги имаат овие 4 карактеристики!

Натпросечно интелигентните луѓе ги имаат овие 4 карактеристики!

Истражувањата покажаа дека ако сте анксиозни, леваци, музикални и имате силна смисла за хумор, тогаш постои голема веројатност дека сте натпросечно интелигентни.

Интелигенцијата или коефициентот на интелигенција всушност значи темпо со кое човекот добива нови информации. Научните студии покажаа дека коефициентот на интелигенција се формира уште на рана возраст, пренесува Business Insider.

Според истражувањата, сè уште постојат некои знаци и карактеристики кои би можеле да укажат дали личноста е натпросечно интелигентна. Еве некои од нив:

Анксиозност

Психијатарот Џереми Коплан ги проучувал пациентите со анксиозни нарушувања и открил дека оние со најтешки симптоми постигнуваат повисоки резултати на коефициентот на интелигенција од оние со поблаги симптоми. Други студии покажаа дека анксиозните луѓе имаат подобри вербални вештини и нивниот ум е поактивен.

Исто така, експериментот покажа дека анксиозните луѓе се поуспешни во решавањето на комплицирани проблеми.

Левораките луѓе

Истражувањата покажаа дека леворакоста е поврзана со дивергентно размислување (креативен начин на решавање проблеми или повеќе решенија за еден проблем).

Музикалност

Бројни студии покажаа поврзаност помеѓу музикалноста и добрите вербални вештини, како и извршните функции клучни за фокусирање и самоконтрола. Во експериментот спроведен од Силвен Морено, учествувале 48 деца на возраст од четири до шест години.

Половина од учениците ја завршија музичката програма, а другата половина ликовната програма. На крајот од експериментот, 90 отсто од децата кои биле подложени на музички тренинг покажале подобрување во нивниот вербален коефициент на интелигенција.

Хумор

Истражувањата покажуваат силна врска помеѓу смислата за хумор и високите вербални вештини, како и апстрактното размислување. Хуморот е главно резултат на високата интелигенција бидејќи бара специфичен вид на размислување и маневрирање со зборови.

Доколку немате ниту една од горенаведените карактеристики, се разбира, тоа не значи дека немате висок коефициент на интелигенција, но доколку поседувате некоја од карактеристиките кои се поврзани со горенаведените таленти или проблеми, тоа може да значи дека имаат повисок коефициент на интелигенција од просечниот.

Повеќе од овие карактеристики заедно (или сите од нив) покажуваат дека одговарате на повеќето од она што досега го откриле студиите за интелигенцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП