25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија ги отвора вратите за околу 50.000 работници од Западен Балкан

Германија ги отвора вратите за околу 50.000 работници од Западен Балкан

Поради тоа што Германија се соочува со демографски промени, со голем број слободни работни места, треба да имигрира околу 400.000 луѓе годишно, за да функционира економијата, здравјето и грижата за старите лица.

Според сегашните закони, „квалификувана“ работна сила може да емигрира во Германија од целиот свет. Само од Балканот луѓето можат да добијат работа и работна виза, дури и кога работат надвор од својата професија или без професионална квалификација. Но, деновиве пристигнуваат вести кои ги засегаат и граѓаните на регионов, бидејќи во иднина 50.000 луѓе од регионот секоја година ќе можат да се вработат и да се населат во Германија, дури и да немаат стручни квалификации.

Локалните власти имаат намера да ја удвојат квотата за имиграција на неквалификувани работници од балканот, пишува во предлог-законот до кој пристап имала агенцијата ДПА. Во прашање е таканареченото правило на Западен Балкан, кое предвидува повластен пристап до германскиот пазар на труд за граѓаните на Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово.

Новината се огледа во постоењето на таканаречената карта на шанса, која би била алатка во борбата против „драматичниот недостиг на работна сила во бројни гранки“, оценува ДПА.

Станува збор за можноста луѓето да се преселат во Германија, па дури потоа реално да побараат работа. За тоа време, тие ќе имаат право да работат со скратено работно време надвор од нивната професија за да заработат за живот. Според dpa, картата за шанса треба да се додели според новиот систем на бодување на секој што ќе собере шест поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП