15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТМАСК СТАНА И ВОЕН ЕКСПЕРТ?! Сопственикот на Твитер претера

МАСК СТАНА И ВОЕН ЕКСПЕРТ?! Сопственикот на Твитер претера

Мултимилијардерот Илон Маск не престанува да ги провоцира сите во светот и се вклучува во се, од технологија, социјални мрежи, освојување на вселената, слобода на говор, па дури и до воена технологија и воени тактики, пишува лондонски „Дејли мејл“.

„Сега тој реши да ја анализира и коментира војната во Украина на Твитер, кој го поседува, па освен глупостите за застарени тенкови, тврди дека ниту Русите ниту Украинците немаат доволно модерно оружје, па затоа ќе мора да користат само пешадија и артилерија како во Првата светска војна“, пишува весникот.

Оваа објава на Маск предизвика лавина од исмејувачки коментари, па еден корисник на Твитер напиша: „Одлично, па сега имаме нов куп „експерти“, идиоти кои немаат поим за тоа како всушност функционираат армиите и што всушност е војната, но тие во секој случај коментираат за тоа“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП