20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТВојна во Украина: Оружјето не мирува ниту на Божик, размена на артилериски...

Војна во Украина: Оружјето не мирува ниту на Божик, размена на артилериски оган кај Бахмут

И покрај едностраниот прекин на огнот нареден од Владимир Путин, судирите продолжија долж фронтот на истокот на земјата. Беа нападнати позициите на руската армија во регионите Луганск, Доњецк и Запорожје. Руските сили го гранатираа Керсон.

Прекинот на огнот што го најави Владимир Путин треба да трае до крајот на Божиќ, но мир нема. Двете страни меѓусебно се обвинуваат за гранатирање. Артилерискиот оган продолжи на двете страни на Бахмут, центарот на конфликтот во источна Украина.

Руските сили го нападнаа Краматорск во Донбас и Керсон. Високиот руски функционер Дмитриј Медведев изјави дека лидерите на Украина ја отфрлиле раката на „христијанската милост“.

Шефот на Луганск, Сергиј Гајдаи, објави дека руската армија „отворила оган 14 пати“ во текот на првите три часа од „примирјето на Путин“.

Од друга страна, Москва го обвинува и Киев дека не ги прекинува борбите. Според руското Министерство за одбрана, Украинците го нападнале Доњецк.

Се нагласува дека биле нападнати позициите на руската армија во областите Луганск, Доњецк и Запорожје.

Ирина Верешчук, заменик-премиер на Украина, тврди дека руските војници планираат напади врз цркви“ за време на Божиќ, предупредувајќи ги жителите на териториите под контрола на Москва да не присуствуваат на божиќните богослужби.

Германската влада објави дека вкупно 40 оклопни борбени возила „Мардер“ ветени на Украина ќе бидат подготвени за транспорт во првиот квартал на 2023 година.

Минск и Москва ја продолжуваат регионалната воена соработка. Претседателот Александар Лукашенко ја посети базата во која се одржуваше заедничка вежба на белоруската и руската армија. Русите порачаа дека се подготвени да ги исполнат поставените цели, а Белорусите дека ќе добијат оружје и воена опрема од Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП