23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТМекарти избран за претседател на Претставничкиот дом по 15 рунди гласање

Мекарти избран за претседател на Претставничкиот дом по 15 рунди гласање

Републиканецот Кевин Мекарти е избран за претседател на Претставничкиот дом на САД по неколкудневни преговори и 15 круга гласање. Тој положи заклетва како претседател на Претставничкиот дом на 118-та седница на Конгресот. Заклетва положија и членовите на 118. Конгрес.

На последното гласање тој освои 216 гласови, додека демократскиот лидер на Претставничкиот дом Хаким Џефрис ги доби гласовите на 212 претставници, пренесува Си-Ен-Ен.

Републиканците претходно се согласија да го номинираат Мекарти, но неговиот пат до претседателската функција беше неизвесен откако група републиканци се заканија дека ќе ја блокираат неговата кандидатура.

Во својот прв говор откако беше избран, Мекарти се пошегува: „Ова беше лесно, а? Никогаш не мислев дека ќе биде вака“.

Тој исто така рече дека новото свикување на Претставничкиот дом сака САД да победат во економската трка со Кина.

„Ќе се справиме и со долгогодишните американски проблеми, како што се долгот и зајакнувањето на кинеската комунистичка партија“, рече Мекарти.

На Мекарти му честитаа поранешниот американски претседател Доналд Трамп, како и сегашниот претседател Џозеф Бајден.

Хаким Џефрис влезе во историјата како првиот црн претставник што ја предводи Демократската партија во Конгресот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП