17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

najnovi-vesti1

Белград – Во Србија моментално само два отсто стопански субјекти или 1.208 компании ги задоволуваат критериумите за добивање на Сертификат ААА за бонитетна исклучителност. Тој сертификат е многу значаен за работење на пазарот на ЕУ, се истакна на конференцијата на најголемиот европски провајдер за деловни и бонитетни информации – шведската компанија Бизнод АБ. Во Србија моментално околу 1.800 компании се блокирани и тоа најмногу поради несолвентност, од вкупно 350.000 регистрирани фирми, рече партнерот во Бизнод Павле Блајчиќ.

Загреб – Проблемот кој го мачи и пензискиот фонд во Србија, големиот број на пријавени лажни инвалиди, се обидуваат да го решат во Хрватска со вонредни инспекции. Како што пишува весникот Слободна Далмација, хрватскиот министер Мирандо Мрсиќ нареди да се провери како во во сплитската канцеларија за Пензиско осигурување од 44 од 200 работници се водат како лица со инвалидитет. Сите тие добиле покана да дојдат на разговор со вештаци од медицина на труд на ресорното министерство, со обврска да ја донесат целата документација во врска со утврдените телесни оштетувања.

Загреб – Деловните мрежи и бројот на вработените во банките ќе се намали поради модернизација и новата технологија, но традиционалните банки и осигурителните компании нема да исчезнат. Претседателот на Управата на Рајфајзен банка во Хрватска, Зденко Адровиќ на округла маса за финансиската индустрија во новото технолошко опкружување, изрази верување дека банките ќе опстанат иако во банкарската дејност влегуваат нови играчи како телекомуникациски компании и трговци. – Банките нема да исчезнат, ќе опстанат во тек на многу генерации. Државите секогаш ќе сакаат, работата во која се располага со големи износи на пари да остане регулирана и под контрола – оцени Адровиќ.

Брисел – Бонитетната агенција Стандард и Пурс ја задржа оценката на кредитниот рејтинг на Белгија на долгорочно задолжување на АА, што е трета највисока оценка во класификацијата на оваа индустрија. Агенцијата ја пофали белгиската влада поради вложените напори во намалување на долгот, но со предупредување дека сеуште постои ризик од намалување на кредитниот рејтинг на среднорочни задолжувања. Оценката на краткорочните задолжувања на Белгија е А-1 +. Намалување на кредитниот рејтинг може да се случи ако перспективата за раст се намали или ако долгот надмине 100 отсто од БДП, се наведува во извештајот.

Вашингтон – Американските власти ја додадоа осигурителната куќа Пруденшел фајненшел на листа на институции кои се сметаа премногу големи за да пропаднат. Со тоа таа компанија стана трета небанкарска институција која се најде на листата. Одборот за финансиска стабилност ФСОЦ, нареди построга контрола над Пруденшел и обавезни стандарди на капиталот кои важат за најголемите американски банки. ФСОЦ процени дека финансиската нерамнотежа во таа компанија, ако дојде до неа, може да претставува закана по финансиската стабилност на САД, потенцирајќи дека моментално нема назнаки дека Пруденшел е во проблеми.

Редмонд – Сега веќе поранешен извршен директор на Нокиа Стивен Елоп ќе добие отпремнина од дури 25 милиони долари, кога ќе се заврши продажбата на финската компанија на Мајкрософт. Според договорот на двете компании, Елоп ќе го препушти местото на чело на производителот на мобилни телефони, но само за да лреземе функција во Мајкрософт, што вкупно достигнува вртоглави 25 милиони. Сумата нема во целост да ја исплати Мајкрософт (70 отсто), што веќе ги разгневи многумина во Финска. – Не можам да најдам разбирање за вакви бонуси – рече министерот за финансии на Финска Јан Вапавуори.

Брисел – Европската унија и Сингапур објавија дека е исполнет правниот дел од договорот за слободна трговија, што отвара пат за потпишување во првата половина идната година. ЕУ и Сингапур во декември минатата година ги завршија преговорите во поглед на слободната трговска размена. ЕУ е втор најголем трговски партнер и најголем инвеститор на Сингапур. Трговската размена меѓу Сингапур и ЕУ достигнува 105 милијарди долари. Парламентот на ЕУ овој договор треба да го ратификува кон крајот на 2014 година, а сингапурскиот во 2015 година.

Брисел – Европската унија секоја година губи околу 200 милијарди евра даночни приходи поради измама и грешки, соопшти Европската комисија. – Обемот на данокот на додадена вредност ДДВ, кој некако го пропуштаме е неприфатлив, посебно со оглед на тоа какво влијание тој износ би имал на јакнењето на јавните финансии – рече комесарот на ЕУ за даночна политика Алгирдас Шемет. Според студијата на Комисијата која опфаќа 26 од моменталните 28 членки на ЕУ, дури 193 милијарди евра се пропуштени од страна на даночните власти во 2011 година. Загубите се најголеми во најголемите и најбогати економии: 36,1 милијарда во Италија, 32 милијарди во Франција и 27 милијарди во Германија.

Вашингтон – Милијардерот и инвеститорот Ворен Бафет ја спореди американската централна банка ФЕД со хеџ фондот. – ФЕД е најголем хеџ фонд во историјата, бидејќи на годишно ниво генерира од 80 до 90 милијарди долари во приходи за американската влада – рече Бафет во обраќање на студентите на Џорџтаун Универзитетот во Вашингтон. Во рамки на обидите да излезе од најголемата криза од периодот на Големата депресија, ФЕД покрена месечен откуп на државни обврзници, во вредност од 85 милијарди долари, за пружање на помош за зајакнување на американското стопанство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП