23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСинот на Дејвид Бекам на позајмица во Брентфорд

Синот на Дејвид Бекам на позајмица во Брентфорд

Англискиот премиерлигаш Брентфорд, го потврди трансферот на Ромео Бекам, 20-годишниот син на легендарниот Дејвид Бекам, на шестмесечна позајмица од Интер Мајами, клубот каде што неговиот татко е ко-сопственик.

20-годишниот Бекам Јуниор тренираше во тренинг-комплексот на клубот од предградието од Лондон неколку месеци откако дебитираше за Интер Мајами во септември 2021 година покрај Харви Невил, синот на тренерот на Интер и поранешен соиграч на Бекам, Фил Невил. Тој имаше 10 асистенции и два гола во првата сезона со клубот.

„Брентфорд се презадоволни што можат да го потврдат потписот на Ромео Бекам од Интер Мајами на позајмица до крајот на сезоната 2022/23. 20-годишниот Бекам ќе се приклучи на Б-тимот на Нил Мекферлејн, со кој ќе продолжи со својот развој“, се вели во објавата на клубот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП