6 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов пакет од 3 милијарди долари воена помош за Украина, вклучително и...

Нов пакет од 3 милијарди долари воена помош за Украина, вклучително и пешадиски транспортери

Соединетите Американски Држави ќе обезбедат три милијарди долари нова воена помош за Украина, што е најголемиот пакет досега, објави во петокот Белата куќа.

Оваа помош, чии детали ќе обезбеди Пентагон подоцна во текот на денот, вклучува оклопни транспортери, како и хаубици, изјави портпаролката на Белата куќа Карин Џин Рок.

Вашингтон и Берлин вчера најавија дека во Киев ќе испорачаат американски оклопни возила од типот Бредли и германски возила од типот Мардер.

Мардер се лесни оклопни возила наменети за транспорт на пешадија, а се во служба од седумдесеттите години на минатиот век и се опремени со топ од 20 мм.

Бредли машините се повеќе или помалку од исто семејство, а се користат од почетокот на осумдесеттите. Нивниот модел М2 е опремен со топ од 25 милиметри, како и фрлач на противтенковски проектили, а може да носи до шест лица.

Бредли „не е тенк, тоа е убиец на тенкови“, изјави во четвртокот портпаролот на Пентагон, генерал Рајдер. „Уверени сме дека тоа многу ќе им помогне (украинските сили) на бојното поле“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар