25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTotal: Tри милиони барели дневно до 2017-та

Total: Tри милиони барели дневно до 2017-та

FRANCE TOTAL JOBS

Францускиот нафтен гигант „Total“ има во план до 2017-та година да го зголеми нафтеното производство на три милиони барели дневно, соопшти управата на компанијата.

Во „Total“ имаат намера до 2015-та да го зголемат производството на 2.6 милиони барели, а за во 2014-та на 2.3 милиони барели.

Ваквиот план за зголемување на производството е во согласност со плановите на компанијата за започнување на производството во близина на самите наоѓалишта, како што беше случајот со Качаган во Казахстан на почетокот на овој месец.

„Total“ исто така има во план да ги зголеми напорите за експлоатација на гас и започнување на производството во повеќе од 15 наоѓалишта до крајот на наредната година. И тоа пред се во Мексиканскиот залив, Ирак, Бразил и Ангола.

Компанијата соопшти дека нивото на инвестиција ќе биде намалено од 2014-та се со цел да бидат сведени од годинешните 29 милијарди на меѓу 24 и 25 милијарди долари бруто во периодот меѓу 2015-2017-та година.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП